За нас

Качак Транс е компанија во приватна сопственост, која работи веќе 20 години во областа на меѓународниот транспорт. Компанијата и нејзините вработени ги поседуваат сите лиценци и сертификати кои се потребни за вршење на дејноста. Истата брои 8 вработени, од кои двајца се во менаџментот, еден е одговорен за одржување на возниот парк и 5 возачи. Сите наши вработени се со стручно образование и обуки и со огромно работно искуство во областа на меѓународниот транспорт.

Наша мисија е да ги однесеме Вашите добра до посакуваната дестинација, брзо и професионално.

ЗОШТО КАЧАК ТРАНС?

Знаеме дека се наоѓате пред тежок избор, да го одберете Вашиот иден транспортер. Од толку многу компании кои се бават со оваа дејност, сигурно се прашувате зошто баш нам би требало да ни ја доделите задачата на превоз? Неколку доблести не издвојуваат од другите: веродостојноста, искуството, професионализмот и начинот на соработка. Секогаш навремено стигнуваме до целта. Секогаш сме достапни за Вас и секогаш се грижиме за своите партнери и соработници. Секогаш покажуваме дека Вашите добра се во сигурни раце и се грижиме како за свои.